МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

На прес конеренција денеска ОО на СДСМ –Кавадарци ја најави утрешната еколошка акција во Кавадарци.На пресот се обрати Сашко Петров-портпарол на ОО на СДСМ

„Почитувани сограѓани,

Се обврзавме пред вас, за промени и нов начин на работа.

Како што знаете на 3 јули прекиу социјалните мрежи ве повикавме да ги кажете вашите проблеми и вашите потреби.Ви благодариме на довербата и големата заинтереираност да бидете дел од промените.Ве уверуваме дека најголем дел од проблемите кои ви се секојдневие, заедно ќе ги решаваме и нема повеќе да бидат ваш секојденевен проблем.

Eден од нив е загаденоста на одредени улици во градот, па затоа ние членовите на Општинската организација на Социјалдемократскиот Сојуз од Кавадарци решивме да споведеме еколошка акија со која ќе извршиме чистење на улиците и местата кои што вие ги посочивте.

Еколошката Акција ќе ја спроведеме на ден ( 20.07.2019 год) Сабота од 17.00 до 19.00 часот.

Со нашата еколошка активност ќе ја разубавиме природата, ќе ги решиме проблемот на жителите кои живеат на улици кои што Вие ги посочивте, ќе ја кренеме свеста за почиста и поубава животна околина и ќе му помогнеме Јавното Претпријатие Комуналец во остварувањето на целта за почисто и поубаво Кавадарци.“- се вели во изјавата на Сашко Петров- портпарол на ОО на СДСМ Кавадарци на денешното обраќање до јавноста.