МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

-На 11.08.2019 во 08,30 часот било пријавено дека на магистралниот пат Градско-Прилеп, кај с.Дебриште, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Голф“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Р.Д.(34), од с. Острец- битолско и патничко моторно возило „Ланд ровер“ со велешки регистарски ознаки, управувано од О.Г.(30) од Велес. Во незгодата починал сопатникот од возилото “Голф“ Б.Д.(36). Со тешки телесни повреди се здобил возачот Р.Д., додека возачот О.Г. и тројца сопатници од двете возила се здобиле со телесни повреди. Увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Велес.

-На 11.08.2019 во 18.40 часот било пријавено дека на улицата „Страшо Пинџур“ во с. Ваташа, кавадаречко, патничко моторно возило „Форд фокус“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Л.Ѓ.(31) од Кавадарци, удрило во велосипед управуван од Ј.А.(66) од Кавадарци. Ј.А. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Кавадарци. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кавадарци.

-