МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

„Денеска се навршуваат 117 години од загинувањето на еден од најпознатите македонски револуционери, идеолог и бастион на македонското револуционерно движење - Гоце Делчев. Неговите идеи и дела се силно втемелени во македонската држава, во секој од нас и со ништо не можат да се избришат. Тие остануваат длабоко врежани во срцето и духот на македонскиот народ. Следејќи ја идејата на нашиот патрон, се наоѓаме на полето на културен натпревар меѓу народите, од нашето училиште во континуитет излегуваат успешни генерации на ученици. Ученици кои гордо и достоинствено го претставуваат и афирмираат училиштето и името на Гоце Делчев. И во време на пандемија наставниците и учениците од нашето училиште храбро се носат со сите предизвици и поставуваат нови стандарди и даваат нова димензија на online наставата. Чест и задоволство ни е како училиште што го носиме името на учителот и великанот, кој својот живот го посветил за слободна Македонија. Денес со оддавање на достојна почит и положување на свежо цвеќе пред бистата на нашиот патрон во училишниот двор, беше одбележан патрониот празник. СЛАВА ТИ ДАСКАЛЕ -„ напишаа денеска на ФБ профилот на ООУ„Гоце ДЕЛЧЕВ„во Кавадарци- училиште кое со гордост го носи името на основоположникот на модерната македонска држава.Делегација на чело со директорката Весна Ангелова и претставници на Општината положија цвежо цвеќиња на бистата на великанот.

м.д. 95879094_3066514990075855_5446505310036426752_n