МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Во среда 25 јуни 2020 и официјално започнува изборната кампања, без митинзи и поголеми собири, туку, главно, онлајн, преку презентации на програмите и обраќања до граѓаните преку медиумите и социјалните мрежи. Поради кризата со коронавирусот, гласањето ќе се со посебни мерки за заштита и ќе трае три дена, почнувајќи од понеделник (13 јули), па до среда (15 јули) до 21 часот.Предвремените парламентарни избори требаше да се одржат на 12 април, но поради кризата со коронавирусот ќе се одржат на 15 јули.На овие избори, учествуваат четири коалиции и 11 партии, кои ги доставија листите до ДИК уште во првата половина на март, односно пред прекинувањето на изборните дејствија.По завршувањето на изборите, почнува да тече рокот од 20 дена во кои треба да се одржи конститутивната седница на 10 парламентарен состав. Новото Собрание исто така ќе профункционира под посбни мерки за заштита од ковид-19, за што во собраниската зграда веќе се подготува и друга сала за одржување на пленарните заседанија.

м.д.