МиКомерц
МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(470x90)

По повод 7 Септември -денот на ослободувањето на Кавадарци вчрва се одржа Свечена седница на Советот.

Седницата започна со интонирање на химната на Македонија, а потоа претседатлот на Советот Ристо Сакалиев и формално ја отвори ова свечена седница, потенирајќи го нејзинито значње, развојот кој е обезбеден од одлуките на овие советници реализацијата на извршувањето од страна на градоначалникот.

Градоначалникот Митко Јанчев зборуваше за развојот на Општината послениве години апосторофирајќи ги изградените капитални објекти кои се , од комунална инфраструктура, јавни објекти,објекти за посебни намени, за спортисти, за учениците,за настани од културата,за рекреација, за економски потреби, патишта и друго а најави уште позасилено темпо на градба и развој.

Потоа беше доделена 7-Септемриската награда-најголемата по значење на ниво на општина .

Годинава ја добија- Комерцијална Банка-АД Скопје- претставувана од директорот Хари Костов, ИГМ-ТРЕЈД Кавадарци-претставувана од сопственикот Илија Гечев, и ЈЗУ Општа болница со проширена надлежност Кавадарци преставувана од директорот Д-р Диме Коцев. Наградите и приизнанијата ги врачи градоначалникот Јанчев.

Во рамките на одбележувањето на Денот на ослободувањето на Кавадарци беше изведена пригодна музичка програма.

м.д.

119019502_824728118265132_2172740000910897148_n 119058377_367753857958579_1650236134878363195_n 119000790_973947443080295_5038830668735892080_nSequence 02-Still002