МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ДЕТСКОТО ДРАМСКО СТУДИО „НЕВЕРЛЕНД“ ОД СКОПЈЕ ГОСТУВАШЕ ПРЕД КАВАДАРЕЧКАТА ПУБЛИКА

Вечерва на градскиот плоштад во Кавадарци се одржа театарската претстава за деца „Волшебникот од Оз“ во изведба на Детското драмско студио „Неверленд“ од Скопје. Претставата се одвиваше според протоколите за работа во време на COVID 19 за сите посетители - носење лична заштита на лицето, дезинфекција на рацете, одржување на растојание 1,5 - 2 метри и ограничен број на посетители.Драматизацијатаи режијата беа на Благица Ристова а карактеристично за ова детско студио е фактот што на сцената видовме и 4 црномурести момчиња и девојчиња. Без разлика што станува збор за дечиња присутните видоа една просечна претстава и глума од малите актери.

м.в.