МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Утре е, вторник, 24 ноември 2020, со почеток од 17 часот, во Галеријата при Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци ќе биде отворена мултимедијална изложба посветена на различностите, насловена како “WHAT comes NEXT?!“. Оваа изложба беше овозможена преку проектот за ЛГБТИ Инклузија 2.0 кој е финансиски поддржан од ИЛГА-Европа, а имплементиран од страна на ЛГБТИ Центарот за поддршка во партнерство со Коалиција Маргини. Мислењата и ставовите произнесени во настанот не мора задолжително да ги изразуваат официјалните ставови на донаторот. Изложбата ќе биде отворена за посетители до 30.11.2020г., секој работен ден од 8:00-16:00 часот.Настанот ќе се одвива согласно протоколите за организирање настани во затворен простор поради заштита од коронавирусот, а бројот на посетители ќе биде ограничен во галерискиот простор. Носењето маски, дезинфекција на рацете и одржување на физичка дистанца се задолжителни за време на целиот настан. извор Дом на Култура