Денеска во Домот на културата „Иван Мазов-Климе“ во Кавадарци започна седмиот по ред „Меѓународен натпревар на камерна музика “- 2016 на кој годинава се натпреваруваат дури 208 млади музичари од музички училишта од Македонија и надвор од неа.

Учениците ги придружуваат 58 музички педагози нивни ментори кои ќе се натпреваруваат во четири дисциплини и тоа: пијано четирирачно, состави со појано од 2 до 8 инструменти, состави без пијано од 2 до 8 инструменти и традициски состави од 2 до 10 инструменти.

Класичните состави се натпреваруваат во Домот на културата „Иван Мазов Климе“ додека традициските состави во просториите на Музејот на вкусови и традиционална тиквешка храна. Жири комисијата е составена од истакнати музички педагози од Македонија и странство. Свеченото отворање на 7-миот Меѓународен натпревар на камерна музика со пригодна музичка програма е предвидено за вечерва со почеток во 19 часот.

M.M.

Izvor Nova Makedonija