МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Општина Кавадарци реализираше уште еден значаен сообраќајно безбедносен проект. Во село Марена, оперативата на фирмата „Метал Апостолов“ од Кавадарци, ја постави конструкцијата на металниот пешачки мост преку Овчка (О‘овска) река. Новиот пешачки мост, се наоѓа веднаш до постојниот сообраќаен мост од левата страна на регионалниот пат Кавадарци-Неготино. Мостот е со должина од 27,6 метри, широк 2 и висок 2 метри. На челичната конструкција е поставена метална ограда, како и метален бродски под. Со изградбата на овој значаен инфраструктурен објект општината решава голем сообраќаен проблем на жителите на селото Марена. Тие конечно ќе можат многу побезбедно да се движат покрај најфрекфентниот патен правец во општината. Изградбата на мостот е на барање на жителите од селото.

извор : Кабинет на Градоначалник Митко Јанчев 148715446_2963578093866232_567597433773411831_n 148277774_2963578113866230_4477071789477388602_n (1)