МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

„Општина Кавадарци преку оперативата на ЈП „Комуналец“ поставува метални столбови, како и сообраќајни знаци за спречување на моторен сообраќај на рекреативната патека „Моклиште“. Поставени се околу 200 столбови, три сообраќајни знаци за забрана на одвивање на секаков вид сообраќај по самата патека, како и едно сверно огледало на влез-излез од спомен паркот 12 „Младинци“. Велосипедско-пешачката патека Ваташа-Моклишка воденица, е долга 3800 метри. Се движи долж двата брега на реката Луда Мара преку која се поставени 4 метални пешачки мостови. Широка е 4 метри и е целосно покриена со бехатон коцки. Осветлена е преку системот за јавно улично осветлување со 200 лед светилки, секоја со јачина од 40 вати, поставени на 100 метални столбови со двокрака лира на висина од 4 метри. Има вкупно 5 попатни станици-одморалишта целосно уредени и оплеменети со урбана опрема, како и табли за пинг-понг, фитнес справи и метални конструкции за паркирање на велосипеди. Зa поголема безбедност на граѓаните, како и за заштита на инфраструктурата општината долж трасата ќе постави камери за видео надзор. Инвеститори на овој капитален проект се општина Кавадарци и Бирото за развој на Вардарски плански регион. Вкупната инвестиција изнесува 34 милиони денари.“ Извор: Кабинет на Градоначалник :Митко Јанчев 148985808_2964233360467372_1400946172171486615_n 148829026_2964233353800706_2603582668750440055_n 148720609_2964233407134034_1750705803465771789_n