МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ГРК ТИКВЕШ ВО КАВАДАРЦИ КЕ МУ ГОСТУВА НА ПРВОЛИГАШОТ ШАМПИОН НО СРЕДБАТА

Дендеска стартува елиминациското коло од Купот на Македонија во ракомет. Поради големиот број на екипи кои настапуваат во Суперлигата и во Првата машка лига беше направена полудиригираната ждрепка, па во елиминациите ќе играат суперлигашки екипи против прволигашки и тоа само по еден натпревар. Победниците од овие дуели ке формираат 4 четвртфинални групи со по 4 екипи а овие групи ќе се играат како и досега и најдобрите од групите ке обезбедат место на завршниот турнир. Ракометарите на „ГРК Тиквеш“ имаа и среќа со жребот бидејки ке му гостуваат на прволигашот „Шампион“. Во меѓусебен договор на двете екипи „Шампион“ ке биде домакин но средбата ке се игра во Кавадарци во салата „Јасмин“ денеска , среда со почеток од 19.30 со директен пренос на РТК.МК. Екипата на „Вардар“ од Неготино немаше среќа со жребот па утре ке имаат супер тешка задача на гости во Битола против првиот тим на „Еурофарм Пелистер“.

м.в.