МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Општина Кавадарци и оваа, 2020 -та година ја продолжува традицијата на одбележување на празникот св.Трифун.

На „Св.Трифун“ лозарите ги закројуваат лозите и ги залеваат со црвено вино посакувајќи си плодна и бериќетна година.

На самиот ден, 14ти февруари се дава акцент на закројувањето на виновата лоза и отпочнување на лозарските работи, а со тоа и зачувување на традициите и обичаите типични за тиквешкиот лозаро-вински регион.

Оваа година прославата на св.Трифун ќе трае два дена.

13.02.2020 година

Локација- Дом на култура Иван Мазов Климе

18:30 часот – Изложба на фотографии од Бранислав Бркиќ, Имбре Сабо и Мирослав Јеремиќ

19 часот – СРМА – фестивал на традиционална музика од Р.Србија и Р.С.Македонија.

14.02.2020 година

Локација – Градски плоштад Кавадарци

13 часот – Традиционално закројување на виновата лоза

13:30 часот – Акустико лајт

14:30 часот – Трио мањифико

15:15 часот – фолклорен ансамбл Тиквеш

20:30 часот – Шалабајзерс

22:15 часот – Игор Џамбазов и Гуру Харе

Во текот на целиот ден, 14.02.2020г., на Градскиот плоштад ќе бидат поставени пултови за изложување на вински производи. Учество ќе земат малите семејни винарии од Кавадарци, прозиводители на маџун и традиционална кавадаречка храна.