ОВР Кавадарци во соопштението доставено до РТК.МК известува :

„Со оглед на новонастанататат состојба со зголемениот број на граѓани од Општина Кавадарци позитивни на Ковид 19, Одделението за внатрешни работи Кавадарци апелира до сите граѓани доселедно да ги почитуваат сите одлуки и препораки на Владата на РСМ во поглед на превенција и заштита од Ковид а пред се:

1. Да држат прописно растојание од 1,5 -2 метри на отворен и затворен простор, кога се во банки, супер маркети, чекални во институции и сл.

2. Задолжително и приписно да се носат заштитни маски и дасе одржува почеста хигиена на рацете.

3. Да се избегнуваат масовни собирања по куќи, станови, и викендици на излетничките места или на Тиквешко езеро.

4. Да се избеггнува оргзнизирање и учество на прослави на отворен и затворен простор , посебно за верски и други празници кои доаѓаат следниот период.

Укажуваме дека ОВР Кавадарци редовно ќе врши контрола на терен за тоа дали се почитуваат одлуките и протоколите на Владата и за најдените недоследности ќе бидат преземени сите законски мерки.“- се наведува во Соопштението од ОВР Кавадарци