МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

-ВО МУЗЕЈ ГАЛЕРИЈАТА ВО 12.00 ИЗЛОЖБА ВО ЧЕСТ НА ДЕНОТ НА ЖЕНАТА

-А ВО 19.00 ВО ДОМОТ НА КУЛТУРАТА ДЕЛА ОД РАДОВИШКАТА КОЛОНИЈА

Во пресрет на меѓународниот празник на жената 8-ми Март локалната музеј галерија Кавадарци традиционално секоја година организира наменска изложба. Обично се практикува автор на изложбата по повод празникот да е или жена или некоја ретроспектива на ликовни уметнички дела кои се создадени од жени уметници. Утре точно напладне љубителите на уметноста ке можат да ја видат изложбата која е составена од маслени и акрилни платна, акварели, графики, дела од применета уметност и сл. во која се вклучени жени уметници чии дела се отстапени на Музеј Галерија Кавадарци во периодот кога се презентирани нивните изложби во нашиот Музеј. Ке бидат изложени дела на авторки од нашиот град, од нашата држава како и жени уметници од странство.Утревечер од 19 ч. во Галеријата при Домот на културата „Иван Мазов - Климе“ Кавадарци ќе биде отворена уште една изложба. Станува збор за дела реализирани од познати македонски ликовни уметници кои зедоа учество на ликовната колонија „Караманов 2020“ - Радовиш. Како дел од настанот со свои творби ќе се претстават и млади поети од Радовиш, а ќе бидат претставени и дела од млади творци кои биле дел од колонијата во рамките на детско/младинската активност.

м.в.

157660792_2744656725847467_4724534081556524223_n 157403830_425147978789599_8719866467963880822_n