МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Фестивалот „Гроздоберче“ се одржува веќе 20 години. Оваа година јубилејниот фестивал финале имаше на 25 и 26 ноември во Домот на културата “Иван Мазов - Климе” од Кавадарци. Многу дечиња со своите прекрасни песнички ја украсија оваа манифестација и го потврдија статусот на еден важен и сериозен медиумски настан. „Гроздоберче“ стана дел од детскиот културен живот, не само во нашиот град и држава, туку и во некои соседни, пријателски народи кои имаа свои претставници.Училиштето, “Ѓорче Петров” Кавадарци, редовно учествува во организацијата на овој престижен фестивал на младоста и убавината. Оваа година неколку ученици беа во улога на маскоти (Мики, Мина, Минко и Кремвиршлата, а останатите се грижеа за организациски потреби. Од училиштетио велат:-„Секогаш и секаде каде што има потреба од наша помош во организација на културни настани, ние, учениците од СОЗШУ “Ѓорче Петров” Кавадарци сме спремни да дадеме свој придонес“.