МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Општина Кавадарци денес урбанизира уште една улица во градскотот подрачје. Ангажираната оператива на градежната фирма „Градба промет“ од Кавадарци ги поставуваше павер елементи на новопробиениот крак од ул.„Вуко Каров“ во населбата „Парк“. Според проектот на општина Кавадарци се урбанизираше нова улица во должина од 140 метри.Проектот е дел од програмата за комунална изградба, а парите се обезбедени од општинскиот буџет.

извор : Кабинет на градоначалник М.Јанчев