МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Една од најактивните подгрупи на навивачката група „Лозари“-„ Бригада 12“ во понеделник, 5 декември, ќе се оддржи крводарителска акција.

Тие во дописот до јавноста напишаа:

„Во периодот кога сите се грижат за самите себе, ние се одлучивме да се погрижиме за тие на кои му е најпотребно. Со таа мисла, во која хуманоста и човечкиот живот ни се на прво место, одлучивме дека е идеално време да организираме крводарителска акција. Ги покануваме сите кои се во можност, од средношколци, вработени и невработени, до пензионери да не поdдржите во оваа животоспасувачка акција. Во овие студени денови, да бидеме жар која ќе стопли многу срца и ќе спаси многу животи“.

409749_119106448231554_1101826285_n.jpgРеспект млади кавадарчани. Почетокот на акцијата е закажан за 9 часот во големата сала на Општина Кавадарци.Акцијата ќе трае се до 14 часот.