МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Општина Кавадарци и Меридијан Атлетик Еко го организираат 3 ти -Кавадаречки полумаратон на 18.06.2021 под мотото "Го сакам Кавадарци".Трки: Полумаратон (21.097м , Трка 10.000 метри и Трка 5.000 метри Се трча во централното градско подрачје на улиците: Илинденска, Тиквешко Востание и Моша Пијаде. Патеката е кружна, еден круг е во должина од 2.5км. Содржина на стартниот пакет: Стартен број со чип а медал добива секој учесник што ќе заврши трка. Организаторот го задржува правото на измена на содржината на стартниот пакет без претходна најава. Оние што уплатиле поголема котизација лани ќе добијат и dry fit маица, како што беше најавено.Пријавите на сите 180 тркачи што уплатиле лани им се префрлаат за годинава, а тие што не се во можност да дојдат годинава може да истрчаат виртуелно при што на домашна адреса ќе ги добијат медалите и пакетот. За најдобрите следуваат пехари, а за полумаратонската трка ќе има и пласман по категориии, до 40 години, од 40 до 50 и 50+.Трките ќе се одвиваат во согласност со правилата за улично и маратонско трчање на Меѓународната Атлетска Федерација (IAAF) и Атлетска федерација на Македонија (АФМ). Учесниците на трките сами се одговорни за сопственото здравје и психофизичка состојба.Забрането е да се користат ролери-скејтбоард, велосипеди и други средства за превоз.