МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Утревечер во Галеријата при Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци ќе биде отворена ликовна изложба на познати македонски ликовни уметници кои излагаат заедно како “Ликовна група 5“. Пред кавадаречката и македонската ликовна јавност со по десетина ликовни дела ќе се претстават: Владимир Темков, Данчо Ордев, Илија Кочовски, Димитар Мичо Кочевски и Драган Најденовски.

Настанот е во рамките на “Кавадаречка културна есен 2016“.