МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Дрекслмајер со поддршка за спортот и младите фудбалери од регионот.

– Фудбалерите од фудбалскиот клуб „Росоман 83“ ги започнаа подготовките за новата сезона со комплетно нова спортска опрема: дресови за официјални натпреавaри, спортскитренерки, јакни и комплети за тренирање. Компанијата ,,Дрекслмајер,, ја подари спортската опрема на тимот во знак на поддршка за остварување поголеми успеси и клупски достигнувања.Лукас Мирингер, Генерален директор на ,,Дрекслмајер,, Македонија го посети фудбалскиот тим на теренот посочувајќи дека фудбалот има силна моќ да создаде позитивна енергија и ведар дух кајпубликата и љубителите на спортот.

-„Сметаме дека со овој тип на поддршка ќе придонесеме за уште поголема мотивација кај фудбалерите да тренираат и професионално да се развиваат. Поддршкатаза развојот на спортот е еден од нашите приоритети и ние и натаму ќе иницираме активности да им помогнеме на клубовите кои се залагаат за подобра фудбалска иднина. Ви посакуваме многу новипобеди и достигнувања!“, истакна Мирингер на примопредавањето на опремата.Фудбалерите не го криеја своето задоволство што новата сезона ја започнуваат со комплетно нова опрема за тренинг, но и за настап на официјални натпревари. „Среќни сме што Дрекслмајер какокомпанија од регионот ни ја дава својата поддршка. Ова е најдобрата опрема во која клубот до сега се натпреварувал. Максимално сме посветени и сме дополнително мотивирани да оствариме новиуспеси и уште подобри резултати. Ќе се бориме со срце на терен и ветуваме многу спортски победи“,рече претседателот на клубот Игор Темелков.Изминатиот период компанијата, вклучувајќи ги своите вработени и заедницата реализираше големброј активности за поддршка и подобрување на условите во кои функционираат голем број спортскиклубови не само од областа на фудбалот, туку и на полето на ракометот и кошарката. Како верен партнер на регионот Дрекслмајер останува посветен на иницирање проекти од областа на спортот,здравството, културата и образованието нa начин што ќе придонесе за општото добро на сегашните и идните генерации.