МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Во пожар изгореа две живеалишта во ромската населба во Кавадарци. Командирот на територијалната противпожарна единица Илчо Богевски информираше дека интервенирале со тројца пожарникари и две возила, а помогнале и двајца пожарникари со едно возило од "Кожувчанка".

-Засега со сигурност не можеме да кажеме за причините поради кои настанал пожарот. Вложивме натчовечки напори пожарот да не се прошири на останатите објекти од населбата, рече Богевски.