МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Хуманитарниот настан е закажан утре о 18.00 во ООУ„Гоце Делчев“.Настап на Балетстко студио ВЕНУС и Студио за танци ЛИНЕА

Дека скромноста е доблест се согласуваме сите, но дека треба да ја прифатиме сегашноста и да стоиме наведнати пред животните бури не е став кој е дел од нашата ПХВ ЦКА акција оваа 2018 година.

- „Во борба против неподносливите услови за живот, ние учениците од ООУ„Гоце Делчев“ Кавадарци во рамките на нашата работна ПХВ група утре 29.03.2018 година- четврток со почеток во 18.00 часот во споменатото училиште ќе направиме настан за паметење и по акција... и по реакција.

29745317_1779977582025157_463748052_n.jpg

Нашиот хуман порив во соработка со балетските студиа „Венус„ и „Линеа „ од нашиот град ќе бидат само дел од шлагот кој го подготвивме за да го подобриме Вашето расположение, да направиме празник за очи, уши и ... празник за нашата целна група за која реализираме хуманитарни акции. Со помош на (вас присутните) или гледачите веруваме дека ќе успееме да го удостоиме домот на семејството Трајкови и да обезбедиме барем скромни услови за живот.

Ве покануваме сите да се приклучите кон оваа ПХВ ЦКА стихија на добри дела и да покажеме дека и овој пат заедно сме посилни-порачаа волонтерите од Црвен Крст кои работат на Проектот за промоција на хумани вредности“ , се вели во најавата на овој настан доставена до РТК.МК.