МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Денеска Општинсиката изборна комисија Кавадарци ги додели уверенијата за градоначалникот и советниците кои добија виза од граѓаните да ги застапуваат во новата локална власт во Општина Кавадарци со мандат од 4 години.

Претседателката на ОИК- Емилија Петровска им врачи уверенија на советнците на ВМРО-ДПМНЕ (10 мандати), СДСМ (5 мандати) , Независна советничка група Ристо Сакалиев ( 2 мандати), Независната советничка листа- Јован Златевски (1 мандат) и Партија Левиица- (1 мандат).

Во Советот на Општина Кавадарци граѓаните ќе ги застапуваат :Д-р Стојанчо Рамов, Д-р Тојни Нешковски,Весна Ѓорѓиева, Перо Николов,Диме Коцевски, Марина Крстева ,Филип Тасев,Горан Кузмановски,, Ратка Росомански , Д-р Диме Коцев, Валентина Бањанска,Вуко Мелов ,Веса Богева, Д-р Павле Маневски,Ристо Сакалиев,Зреан Спиров, Јован Златевски и Круме Богевски.

Петровска уверение за градоначалничката функција му врачи на М-р Митко Јанчев кој во краткото обраќање до присуитните се заложи за реализирање на програмата која ја презентирал пред греаѓаните заедно со советничката група на ВМРО-ДПМНЕ која е мнозинство во Советот, во изборната кампања, но тоа нема да смета, нагласи тој, да се имплементираат проекти од други планирања или советници кои се од интерес за граѓаните.Тој заедно со советниоците посака успешен период ,за доброто на Кавадарџци, бидејќи граѓаните кои ја дале довербата очекуваат соодветно застапување и резултати кои произлегвуваат од ветувањата кои ги дале пред нив.

Конститутивната седница на Советот е закажана за вторник 2 ноември 2021 година.

м.д.

248513270_1749584368569141_8407256184854961003_n