МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

,,На 11.11.2021 год. околу 20.30 часот, на регионалниот пат Неготино – Кавадарци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“, управувано од Д.П.(28), патничко возило „фолксваген голф“, управувано од М.П.(32) и патничко возило „ауди“, управувано од М.Р.(22), сите со неготински регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот М.П., а нејзиниот сопатник С.П.(30), возачот М.Р. и сопатничката Т.М.(25) се здобиле со телесни повреди, констатирани во болницата во Неготино. Бил извршен увид на местото на несреќата.,, се наведува во денешниот билтен на МВР.