Со изложба на фотографии и планинарска опрема а се доделија и признанија Вечерва во фоајето на Домот на културата Иван Мазов Климе во Кавадарци членовите на ПСД ОРЛЕ прославија 60 години од постоењето на друштвото. Имаше многу емоции, евоцирање на спомени а поздравен говор со историјат на друштвото прочита претседателот на друштвото Никола Минчоров. Потоа беа доделени и признанија за 50, 40, 35, 25, 20, 15 и 10 год активно планинарење на поединци како и признанија за придонес и развој на планинарството на организации и фирми. За крај присутните се дружеа и заеднички ги разгледаа изложбата на фотографии како и изложбата на планинарска опрема кои беа поставени во фоајето.
М.В.