Деновиве мошне позитивно во јавноста прозвучи, соопштениeто за групен ручек на Градскиот плоштад на 6 јануари од 9 до 14 часот. Имено Општина Кавадарци во соработка со неколку општествено одговорни компании ќе организира ручек со кој имаат намера да допрат до луѓето без семејство, без дом, без полна трпеза, кои се сами и се чувствуваат осамени .За да се оствари ова хумнитарна идеја одбрани се Бадник и Божиќ и намерата е средбата да стане традиционална.

Идејата е на еден од најдобрите готвачи- шеф, Горан Филипов од ресторан ,,Моклиште,, , кој заедно со уште неколкумина познати професионални готвачи од Македонија ќе се потрудат да ја реализираат и барем на момент да им го доловат празничниот дух на многу наши сограѓани. Реализацијата на ова убава идеја не би била оставрлива без помошта на компаниите: ,,Слога Пром,, Кавадарци, ,,Грација Пром,,, Маркет ,,Лутка,,, Ресторан ,,Моклиште,,, ,,Кожувчанка,,, Фаст фуд ,,Мерлин,,, Пиљара и продавница за здрава храна ,,Аце Пром,,, и ,,Левидиагро,, Кочани. Гестот со подршка на проектот на градоначалникот Митко Јанчев доаѓа во момет кога во општеството владее криза на човечките вредности .

м.д.

111

Во оригиналната ибјава на своијот ФБ профил Јанчев напиша,

,,Ајде да се собереме...Никој не треба да биде сам за Божиќ

Почитувани, Додека повеќето од нас ќе се соберат да ги прослават Бадник и Божиќ, да се насмеат и да уживаат на празничната трпеза со семејството и своите најблиски, не смееме да заборавиме на оние кои се без семејство, без дом, без полна трпеза, не смееме да ги заборавиме оние кои се сами и осамени. За овие луѓе Бадник и Божиќ можеби нема да им биде најубавото време од годината. И затоа во пресрет на Божиќните празници, Општина Кавадарци во соработка со неколку општествено одговорни компании ќе организира ручек на градскиот плоштад на 6 јануари од 9 до 14 часот, со кој сакаме да допреме до овие луѓе и да им понудиме дружење и славење токму на овој голем христијански празник, кој веруваме ќе стане традиционален. Идејата е на еден од најдобрите готвачи шеф Горан Филипов од ресторан Моклиште, кој заедно со уште неколкумина познати професионални готвачи од Македонија ќе се потрудат да ја реализираат и барем на момент да им го доловат празничниот дух на многу наши сограѓани. Секако ова не би било возможно без нашите пријатели од Слога Пром Кавадарци, Грација Пром, Маркет Лутка, Ресторан Моклиште, Кожувчанка, Фаст фуд Мерлин, Пиљара и продавница за здрава храна Аце Пром, и Левидиагро Кочани, на кои од срце им благодариме!

Ве чекаме во четврток...

269982466_322507996419727_6366870394549670161_n