МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

СЕ ЧИСТИ ОД СНЕГОТ ПАТОТ ДО "ЛУКАР"

"Зимската служба на општина Кавадарци во моментот е на терен со три возила, од кои едното е во градското подрачје и првично интервенира на покритичните улици (угорници), а подоцна и на сите други. Возило е упатено на регионалниот пат Михајлово и кон селата во Бошавијата, и истите вршат чистење на снежната покривка и посолување со ризла и сол." -ова е наведено на ФБ профилот на градоначалникот Митко Јанчев во врска со врнежите од снег кои ја зафатија денеска Општината.

Според последната информација со која реасполагаме во Кавадарци во текот на вечерта и утринава службите биле целосно мобилизирани. Сите улици и булевари во градското подрачје се исчистени и комплетно проодни. Две возила се упатени кон селата од Бошавијата :Страгово, Гарниково, Крњево, Бојанчиште, Горна Бошава, Чемерско, Мрежичко, Конопиште и Михајлово, и трактор кон селото Рожден и Мајден.

Имаме информации дека на терен се и екипи од ЈП "Комуналец" кои работеле на чистење на патот до изворот "Лукар".Целта е навремено снабдување на граѓаните на општина Кавадарци со вода за пиење.

271726837_476502993833707_2137277371458512508_n

навремено снабдување на граѓаните на општина Кавадарци со вода за пиење. 271775982_5168181783225899_1711360888931022752_n 271749984_5168189603225117_6183590620241343319_n 271742021_5168181656559245_5353829026865380835_n 271727541_5168189866558424_4257432604901540817_n 271752629_5168189733225104_3139203414007166474_n