МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Станува збор за новелата „Мрзен Ораовец“ и спојката човек – природа

Утре, среда, на 2 март со почеток од 19.30 часот, во Галеријата при Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци ќе се оддржи промоција на книгата - новела “Мрзен Ораовец“ од авторот Тодор Богев од Кавадарци. Според авторот станува збор за дело во кое е нагласена спојката на релација човек – природа. Кога човекот е во лизина тој ја контролира природата како знае и умее- меѓутоа кога човекот ке се оддалечи и остави зад себе на пример напуштениј села, тогаш нема кој да ја запре природата. Тревата ги обраснува улиците и дворовите, куќите пропаѓаат под забот на времето а понекогаш и среде некогашна куќа ке изникне и цело дрво. Токму за секојдневната релацијата човек – природа и побратно пишува Боогев во своето дело. Промоцијата ќе се одвива според сите предвидени протоколи за COVID - 19: Влезот е можен само со Сертификат за примени две дози на вакцина а бројот на присутна публика е 50 % од предвидениот простор.

м.в.