МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Заедно со своите пријатели од Србија директорот Велковски засади шпалир од вкупно 12 лози

Денеска СОЗШУ Ѓорче Петров од Кавадарци на свечен начин го одбележа својот патронен празник на кој покрај другите присуствуваа претставници од збратимените училишта од Сомбор Александровац и Краљево Р.Србија партнери со кои кавадарчани градат мостови на меѓусебно пријателство и соработка. На почетокот беше прочитан пригоден текст за животот и делото на патронот а потоа пред бистата на Ѓорче Петров во дворот на училиштето беа положени свежи цвеќиња,од страна на присутните. Меѓу другите цвеќе положија – делегација на училиштето предводена од директорот Горан Велковски, претседавачот на советот д-р Стојанчо Рамов, претставници од кабинетот на градоначалникот Јанчев, претставници од советот и Локалната самоуправа Кавадарци, пратеничката Даниела Колева, претставници од политички партии како и претставници од аптеките свети Пантелејмон и Апидо Фарм кои имаат тесна соработка со училиштето. На крај директорот Велковски заедно со своите гости засади 12 лози или поконкретно шпалир два реда по 6 лози крај патеката која води до училиштето.

Прославата на патронатот продолжи во салата на Домот на културата.

viber_image_2022-04-01_14-26-45-980

М.В.