МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

DRӒXLMAIER продолжува со поддршка за ракометарите

– Ракометарите на ГРК Тиквеш и оваа година ја добија поддршката од DRӒXLMAIER во вид на спортска опрема која се состои од дресови за играње официјални натпревари, но и опрема и дополнителни реквизити кои на ракометарите ќе им бидат од корист во текот на секојдневните тренинзи и подготвителни активности.Поддршката за спортските клубови значи афирмација на спортот во насока на создавање здрави поколенија и здрава иднина. Спортистите претставуваат важен пример и промовираат вредности кои и тоа како влијаат на понатамошниот развој на децата и младите луѓе воопшто.Генералниот директорот на DRӒXLMAIER Македонија Лукас Мирингер, ги поздрави ракометарите и стручниот штаб на клубот на официјалното примопредавање на опремата. „Најнапред би сакал да ви посакам добро здравје, но и многу спортски успеси. Во спортот, всушност како и кај секоја професија, има подеми и падови, но важно е никогаш да не се откажувате од целта која сакате да ја постигнете“, рече Мирингер. „Сметаме дека на ваков начин придонесуваме кон подобрување на условите во кои тренираат спортистите што води кон развојот на спортот како општествено добро за заедницата“, додаде Мирингер.Ракометарите на ГРК Тиквеш во својот полн состав се заблагодарија за поддршката која DRӒXLMAIER им ја дава неколку години по ред. Ветија многу спортски успеси во иднина како благодарност не само кон кавадарчани, туки и кон останатите нивни поддржувачи. „Навистина сме среќни што имаме одлична опрема како за играње на официјални натпревари, така и за време на тренажните процеси. За секој спортист е многу важно да се чувствува убаво, особено, за време на натпреварите. Оваа донација е знак дека DRӒXLMAIER е вистински поддржувач на спортот и заедницата“, рече Ратко Мицев, член на Управниот одбор на ГРК Тиквеш.Во насока на афирмација на спортот кај младите луѓе DRӒXLMAIER во изминатиот период донираше комплетна спортска опрема и на неколку фудбалски клубови од регионот