МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Oпштината со јавен повик ги повика да се пријават сите стари и изнемоштени, инвалидизирани лица кои имаат потреба од поддршка. Истовремено го повика и невработените, да се пријават доколку се заинтересирани да се вклучат во овој проект.

-Сето тоа врз основа на договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на Република Македонија, Програмата за развој на Обединетите нации и општина Кавадарци, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2017 година, усвоен од Владата, Програма за општокорисна работа финансирана од буџетот на Агенцијата за вработување, појаснија денеска од Службата за информирање при кавадаречката локална самоуправа.

Програмата за општо-корисна работа започна во 2012 година. Овојпат наместо шест, како досега, ќе бидат ангажирани 12 лица кои ќе пружаат помош како неговатали. Во период од шест месеци, со скратено работно време и надоместок од 6.200 денари месечно. Со платен персонален данок на доход и осигурување при случај на несреќа при работа.