МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Голем интерес за турнирот во мал фудбал помеѓу кавадаречките средношколци и младите полицајци во пресрет на 7 мај

Во пресрет на 7 мај денот на македонската полиција, припадниците на ОВР Кавадарци денеска на зелениот терен при гимназијата Добри Даскалов под мотото „Полицијата пријател со младите“ организираше турнир во мал фудбал на кој учествуваа екипи од трите средни училишта како и екипа составена од млади полицајци при ОВР Кавадарци. Секој натпревар се играше два пати по 10 мин а во случај на нерешен резултат се изведуваа пенали. Натпреварите привлекоа голем интерес а во публиката беа и матурантите од Норчепинг, Шведска кои се гости на кавадаречката гимназија. Турнирот за отворен го прогласи портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев.

М.В.

viber_image_2022-05-04_14-24-39-332 viber_image_2022-05-04_14-24-39-550