МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Дел од високата зона на градот ноќва остана без вода

Поради исклучително ниските температури во Тиквешијата што владеат деновиве дојде до мрзнење на хидроопремата на регионалниот систем за водоснабдување „Лукар“ .Ова е директна причина одредени делови во високата зона на градот да останат без санитарна вода за пиење, соопштуваат од Службата за односи на јавноста на Општина Кавадарци.

Две екипи на ЈП „Комуналец“ вечерва се на терен и интервенираат по потреба на мрежата.Со оглед на динамиката и пристапноста кон водоводната опрема интервенциите ке се одвиваа вечерва и утре.Состојбата со водоснабдувањето се очекува да се нормализира во текот на утрешниот ден, во рамките на овие екстремно ниски температури кои веке два дена влијаат на снабдувањето со вода.

Од Службата за односи со јавноста најнова е информацијата дека пред неполни два часа ставен е во функција дополнителниот систем за водоснабдување „Бошава„ со целата инсталирана која ке „достави“ нови количини вода.Ова е евистинско време да се се става во целосна работа ова нова фабрика за вода.Во текот на ноќта се очекува целосно профункционирање на системот а со тоа и нормализирање на водоснабдувањето.

Инаку е ова ретка појава, за наши услови ,студот да го поремети снабдувањето со вода.