МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

„Подготовките за продолжението од шампионатот ќе стартуваат во сабота, 14 јануари

Со големи амбиции и под името кое што е препознатлив белег на кавадаречкиот фудбал, градскиот фудбалски клуб Тиквеш во сабота, 14 јануари ќе ги започне подготовките за продолжувањето на сезоната во втората по ранг македонска фудбалска лига во кој главна цел ќе биде обезбедување опстанок.По сите перипетии кои се случуваа во есенскиот дел од шампионатот, сомнителните тренери и уште посомнителните засилувања, лоши резултати, катастрофална гол разлика и само седум освоени бода, раководството на клубот верува дека промените кои стартуваат со враќањето на името ќе значи и нов почеток за кавадаречкиот фудбал„Административните процедури за промена на името се веќе завршена работа, „Љубанци“ е веќе минато, а Тиквеш е името кое ќе треба да не обедини, но и да им даде дополнителен мотив на сите оние кои ќе го облечат дресот со славното име“ - ни изјави Ѕвонко Костов, тренер на клубот.Во продолжение од разговорот Костов го најави и стартот на подготовките. „Подготовките за продолжението од шампионатот ќе стартуваат во сабота, 14 јануари, во 11 часот на градскиот стадион во Кавадарци. Правиме напори и веќе добивме потврда од четири искусни, прволигашки играчи, а преговараме со уште тројца квалитетни фудбалери кои треба да ни помогнат во остварувањето на главната цел, опстанок во лигата, но и во намерата да и понудиме на кавадаречката публика убав и допадлив фудбал. Сеуште е рано да ги објавиме имињата, но се надевам дека многу наскоро ќе го потврдиме целиот ростер, за потоа целосно да се фокусираме на подготовките и воигрувањето на тимот“.За потсетување, првото коло од продолжението на шампионатот е закажан за на 25 февруари, а во него Тиквеш ќе му гостува на тимот на Хоризонт Турново