МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Кавадарчани на пенали го совладаа Партизан а Симиќ беше прогласен за најкорисен играч

Екипата на ГРК Тиквеш од Кавадарци е првиот освојувач на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски – Усташ“, во организација на РК Охрид откако во финалето на истиот славеше против Партизан од Белград со 33-32, но дури по изведувањето на седмерците. Во регуларниот дел мечот заврши 29-29, а српскиот тим во еден момент имаше дури осум гола предност но Тиквеш беше упорен и успеа да се врати во игра. Во првото полувреме каавадарчани одиграа слабо во нападот па Партизан лесно стигна до плус шест на паузата, 9-15. По осум минути игра во вториот дел Партизан водеше со највисоки плус осум, 13-21 и тогаш тргна серијата на кавадарчани. На минута и пол до крајот беше 26-28, а Тиквеш преку Симиќ и Лазов израмни на четириесетина секунди до крајот. Партизан преку Мичиќ погоди на 15 секунди до истекот на времето, но српскиот тим направи груб фаул врз Петровиќ во последниот напад на Тиквеш и Симиќ од пенал реализираше за 29-29 па мораше да се изведуваат пенали за да се добие победникот на овој натпревар. Клучна се покажа третата серија од пеналите, кога Марјан Велков му го одбрани шутот на Зечевиќ, а за кавадаречкиот тим погодија Симиќ, Петровиќ, Хамзиќ и Стефановиќ. По одигрувањето на финалниот натпревар беа доделени и индивидуалните награди. За најкорисен играч на турнирот беше прогласен средниот бек на Тиквеш, Страхиња Симиќ кој во финалето постигна 12 погодоци. За најдобар голман беше прогласен Андреј Трнавац од Партизан а најдобар стрелец беше крилото на Партизан Урош Којадиновиќ.

viber_image_2022-08-25_11-27-55-907

М.В.