МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Кавадаречкиот аматерски театар при Домот на Култура - Кавадарци во режија на Микица Илова утре од 19.30 ке понуди нова доза на хумор

Утре, петок, на 28 октомври со почеток од 19.30 часот, Театарот при Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци премиерно ќе ја изведе претставата “Покондирена тиква“ по текст на Јован Стерија Поповиќ, а во режија на Микица Илова. Во претставата е настапат: Ивана Данова, Ангела Василевска, Диме Боцев, Јована Секуловска, Александар Малинков, Сашко Орешков, Диме Коцевски, Валерија Пашова. Претставата е поддржана од Министерството за култура на Република Северна Македонија е дел од манифестацијата “Кавадаречка културна есен 2022“.

Првите репризи на претставата се закажани за сабота 29 октомври и вторник 1 ноември 2022 од 19.30 часот.

М.В.