МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Предводени од менаџментот на компанијата, Специјалниот претставник на германската Влада за земјите од Западен Балкан и германската амбасадорка се запознаа со стратешките проекти на компанијата.

Како дел од агендата за време на официјалната посета на земјава, Специјалниот претставник на Германската влада за земјите од Западен Балкан Мануел Сарацин заедно со германската амбасадорка во земјава Анке Холштајн присуствуваа во еднодневна посета на DRӒXLMAIER Кавадарци.

Гостите беа дочекани од страна на менаџментот на компанијата предводен од Генералниот менаџер Лукас Мирингер. Преку воведна презентација им беа претставени најважните аспекти и достигнувањаво текот на десетгодишното постоење на компанијата во земјава, а добија сознанија за идните стратешки проекти и активности како и за бројните проекти од областа на општествената одговорност.

За време на средбата, амбасадорката Холштајн ја потенцираше важноста на присуството на странските инвестиции во земјава во насока на оставрување поголем економски развој.

„DRӒXLMAIER претставува еден од најголемите инвеститори во земјата, а со тоа и еден од најважните работодавачи. Компанијата не само што претставува пример за одлична соработка помеѓу двете земји, туку и во континуитет го дава својот придонес за заедницата кадешто делува“, заклучи Холштајн.

Посетителите имаа можност да ги разгледаат и производствените капцитети на компанијата, кадешто преку високо развиен технолошки и софистициран процес се произведуваат производи наменети за премиум сегментот во автомобилската индустрија.

„Имам позитивен впечаток за целокупната организација на DRӒXLMAIER локацијата Кавадарци. Несомнено е дека високите меѓународни стандарди даваат успех во работењето на компанијата. Драго ми е што DRӒXLMAIER заедно со своите вработени реализира голем број проекти за поддршкаи развој на регионот. На ваков начин уште повеќе се зацврстуваат мостовите за соработка помеѓу двете земји“, рече Сарацин. Тој особено го поздрави залагањето на компанијата во делот на спроведувањето на дуално стручно образование, затоа што на таков начин се создава квалификувана работна сила според потребите на индустријата.

„Задоволство и чест ни е што за прв пат имавме можност да го дочекаме Специјалниот претставник на германската Влада за земјите од Западен Балкан и што гостите понесоа убави впечатоци за нашата компанија“, истакна Лукас Мирингер, Генерален менаџер на DRӒXLMAIER Македонија.

Ова е прва посета на Сарацин на DRӒXLMAIER по преземањето на должноста во март годинава.

20221103-3db5ecbd66901c05de06bf171a67e7f7 20221103-f1a6f519497799116c1d61502b17c2d6