МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Соопштение за јавноста по прес конференцијата на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци.

„ВМРО ДПМНЕ системски повеќе од 10 десет години го уништија лозарството и винарството во Македонија, а со тоа и на најмизерен начин ги омаловажија трудот и маката на лозарите.

Најпрво:

преку издавање на концесии за подигање на лозови насади на партиските послушници, лажните земјоделци кои преку ноќ се збогатија на грбот на вистинскиот лозар. Злоупотреба и селективна распределба на субвенциите во лозарството, Ненавремената исплата на субвенциите во лозарството, Неисплатата на штетите во лозарството и овоштарството од природни непогоди, измрзнување и удар од град на лозовите насадии и овоштарите. Уништувањето на винарските визби Повардарие, Стефани и Винеа, а со тоа и уништување на лозарите преку неисплатените побарувања за предаденото грозје за неколку берби. Како и давање на лажна надеж за изградба на дестилерија која во два изборни циклуси беше главно ветување на градоначникот Митко Јанчев.

За споредба, Владата предводена од страна на СДСМ постојано и системски се грижи за состојбата на лозарството и винарството, преку воведување на мерки кои даваат вистински резултати.

Оваа Влада предводена од СДСМ секогаш ги поддржувала вистинските земјоделци преку превземање на вистински чекори:

Исплата на средствата на лозарите од Повардарие, Стефани и Винеа. Исплата на неколку годишните побарувања за штети предизвикани од измрзнување и град. Изградба на пристапни патишта до земјоделските површини. Воведување на зелена нафта за сите земјоделци. Воведување и исплата на 2 денари по килограм за предадено грозје во регистрираните капацитети како КОВИД мерка, Зголемување на субвенциите за подршка во лозарството, за предадено грозје и одржување на земјоделските површини. Воведување на авансна исплата на субвенциите, Неселективна распределба на државното земјоделско земјиште, преку отворени јавни и транспарентни огласи. Законот за семејни винарии, со кој се регистрираа повеќе од 70 семејни винарии, кои добија грантови во изност од 10 000 и 20 000 евра, за купување на опрема за производство на вино, маџун и производи од грозје. Поддршка за младите земјоделци преку програмата за Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделите, преку доделување на неповратни средства за опрема за производство, трактори, машини, и друга агротехничка механизација.

Владата предводена од страна на СДСМ секогаш ќе биде на страната на вистинските земјоделци.“- се наведува во соопштението од ОО НА СДСМ КАВАДАРЦИ.