МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

„На 11.03.2023 во 00.20 часот во ЦИК Велес малолетник од Кавадарци пријавил дека во дворот на болницата во Кавадарци бил физички нападнат од страна на лице вработено во ЈЗУ,,Општа Болница“- Кавадарци. На лице место упатени се полициски службеници од ОВР Кавадарци и во дворот на болницата затекнати се И.А. (32), вработен како болничар, И.А. (33) вработен како обезбедување во болницата и малолетникот кој го пријавил случајот, а утврдено е и дека за време на нарушувањето на јавниот ред и мир биле присутни и други малолетници. ОВР Кавадарци презема мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следуваат соодветни поднесоци.„ се наведува во билтенот на МВР.