МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

„Точно пред 20 години, бендот што е на фотографијата: од лево кон десно: Ставре Илиев, Пере Ангелов, Лазар Ставров, Илија Илиев, Виктор Кимов, го одржа својот прв официјален настап во живо. Во тоа време 2003 год. момците од бендот секојдневно пробуваа музика, работеа на музика, создаваа музика по шест, седум, десет па и повеќе часови дневно во МКЦК (Младинскиот Културен центар кавадарци) кој беше лоциран спроти Завод за вработување, а денес е Музеј. Интересно е тоа што, бендот на овој настап (стариот плоштад во Кавадарци) сеуште официјално немаше име, а беше спремен за почетокот на неговата блескава и долгогодишна кариера која трае до ден денес. На 14.04.2003 год. му беше дадено и официјализирано името на бендот Журнал. Дами и господа, големи и мали, оваа година се навршуваат точно 20 години на 14.04.2023 од постоењето на бендот Журнал, за кои се надевам дека достојно ќе ги одбележиме со сите сегашни и поранешни членови (затоа што ги имаше многу низ текот на постоењето) и ќе продолжиме со истата енергија каква што беше од самиот почеток. To be continued…..„ - Ова се наведува во постот објавен вчера на ФБ , за групата „Журнал“ ,која е формирана пред 20 години . Животот е музика...