МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

„Како лидер во винската индустрија, Винарската визба „Тиквеш“ продолжува со промоција и градење на винската култура и традиција. Денес започна Фестивалот на младо вино, што традиционално го организира ВВ „Тиквеш“, а годинава се одржува по 14-ти пат. Фестивалот на младо вино прерасна во престижен настан на кој присуствуваат голем број личности од јавниот живот, претставници на бизнис заедницата, соработници и партнери на „Тиквеш“ од земјата и од странство. Гостите имаат можност да ги дегустираат младите вина од избрани микролокации.

На Фестивалот на младо вино, пред присутните гости, претседателот на Управниот одбор на „Тиквеш“, Светозар Јаневски, ја претстави и новата генерална директорка Бранка Славеска, која ќе ја преземе оваа функција од почетокот на 2024 година.

„Како водечка винарница во регионот ние сме фокусирани на имплементација на иновации и на дигитализација во рамки на процесот на трансформација во зелена винарница и во согласност со нашата стратегија за одржлив развој. Постојано инвестираме во унапредување на сите сегменти од нашето работење, а тукушто имавме можност нашите искуства и знаења да ги споделиме на најголемиот регионален саем Wine vision на Open Balkan. Промените не се едноставни, но се клучни за обезбедување одржлив развој, а за тоа ни требаат вистински лидери. Токму затоа довербата ја даваме на Бранка Славеска, која со своето импресивно меѓународно професионално искуство веруваме дека ќе даде значаен придонес кон исполнување на нашите цели“, истакна Јаневски во рамки на своето обраќање пред гостите во Кавадарци.

Славеска има богата меѓународна кариера со повеќе од 25-годишно работно искуство на менаџерски позициии. Таа работела за „Хајнекен“, извршувајќи менаџерски функции на повеќе различни пазари како Русија, Белорусија, Босна и Херцеговина и Хрватска, а била одговорна и за регионот на Југоисточна Европа. Работела и во „Лаваца“ како директорка за меѓународни пазари, а во „Тиквеш“ доаѓа од позицијата на комерцијална директорка и член на Управниот одбор на „Диагео Италија“. Својата кариера ја започнала во „Пивара Скопје“, а во периодот 2005-2006 година била комерцијална директорка на „Тиквеш“. Таа дипломирала на Машинскиот факултет во Скопје и магистрирала менаџмент и бизнис администрација на Универзитот Шефилд.

Фестивалот на младо вино и годинава има хуманитарен карактер. Гостите имаат можност да донираат за СОС Детско село и за музичкото училиште „Ентерпрајз“ предводено од Валентино Скендеровски. Покрај тоа што уживаа во младите вина, посетителите на фестивалот се забавуваа и со музичките изведби на „Ringtones“, интернационалната група „Barcelona Gipsy Balkan Orchestra“ и со настапите на нашите познати диџеи Гоце и Чваре. На првиот ден од фестивалот настапија и претставници на музичкото училиште „Ентерпрајз“, како најава за поддршката што Винарската визба „Тиквеш“ ќе ја обезбеди за развој на младите музички таленти, кои во иднина ќе ја збогатат домашната музичка сцена. „ ,- се наведува во соопштенито од Тиквеш.

thumbnail (4) thumbnail (1) thumbnail (2) thumbnail (5)