МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Д-р Венко Филипче: Имаме план како да вратиме дел од лекарите кои заминале

Др- Венко Филипче, денес учестувуваше на трибина посветена на здравјето во Прилеп каде пред 150 здравствени работници ја претстави програмата на СДСМ и коалицијата во делот на здравството и планираните проекти кои директно ќе ги подобрат условите за здравствените работници и пациентите.

Во своето обраќање Филипче потенцираше дека голем фокус ќе биде ставен на задржување на лекарите и здравствените работници дома, процес кој е започнат во овој мандат.

„Прво вложивме во вас, затоа што вие сте столбот на здравствениот систем“ - им порача филипче на лекарите. „Добри услови за здрвствените работници како добир плати, едукација и безбедна средина за работа се предуслов да ги задржиме дома. И на ова силно работевме и уште посилно ќе работиме во слендиот мандат. Ја зголемивме основната плата на докторите специјалисти за 40%, на општите лекари за 25% на медицинските сестри помеѓу 20% и 23%.“ - истакна тој

Во следниот мандат Филипче рече дека СДСМ во програмата има план како да задржи најголем дел од лекарите дома, но и да понуди конкурентни услови за враќање на дел од оние кои заминале а сакаат да се вратат и работата во Македонија.

„Клучен проблем е одливот на кадар. Како и секаде во регионот, така и кај нас многу лекари заминуваат за подобри услови во странство. Тоа проблем на секоја земја во развој, но работници губиме во сите сектори, не само во здравството. Имаме план како да ги вратиме дома оние кои сакаат да се вратат и придонесат. Ќе обезбедиме европски плати, ќе им понудиме конкурентни услови и јас верувам дека можеме да вратиме дел од оние кои заминале. За секој лекар што ќе се врати во земјава веднаш ќе се обезбеди работно место, а ќе се издвојат и стимулативни средства во висина на месечните плати за време на работата во странство. Колку заработувале таму, толку ќе заработуваат и тука.“ - рече Филипче.

Тој зборуваше и за тоа како СДСМ планира да ги подобру условите за специјализантите за кои СДСМ прв пат обезбеди плата и здравствено осигурување. Пред мандатот на Филипче тие работеа без приход и често беа приморани да ја напуштат државата.

„Вложивме многу во специјализантите, обеезбедиме плата и здравствено за нив во минатиот мандат. Во следнито мандат за оние кои завршуваат и специјлаизираат ќе направиме се за да ги задржиме тука. Ќе понудиме загаринтирано вработување и одлични услови за да ги мотивираме да останат. Специјализантите ќе ги остварат сите права за текот на нивната пракса преку целосно вкупно здравствено осигурување и ќе добиваат месечен надоместок од почетни 60.000 денари“ - рече Филипче