МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Tри години џаламарите од кавадаречкорто село Бегниште настапуваат на овој реномиран Карневал

Од 27-29 јануари во градот Перник во НР Бугарија се одржа најголемиот карневал во Југоисточна Европа.Се работи за традиционална манифестација во која учествуваат многу групи од Странство и Бугарија.

-Карневалската група„ Џоламари“ од село Бегниште веќе трета година учествува на Карневалот во Перник а на Здружението ова му е петто гостување-вели претседателот на МЗ Бегниште и на Здружението на „Карневалска група„ Џоломари“ - Oрданчо Лазаров.

Инаку според информацијата која ја добивме од Бегнишкото здружение , тие моментно се подготвуваат за настап на карневалот во Јамбол-Бугарија кој ќе се одржи на 25и 26 февруари годинава .