МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Занаетчиството во овој град било доста развиено

Занаетчиството во Кавадрци имало свои убави денови.Процутот го имаше 50-те а осбено 60-сетите години.Различни занимања со повеке услуги и производство кое единствено можело да се набави во таквите работилници.Рачно работени чевли, плугови,мотики, секири, опрема за стока, фурни за печење леб и печење јадења,правење алва,сладолед со мраз,изработка на јоргани, самари,шиење облека,одела,фустани и што ли уште не.Се што сега купуваме како фабричка стока, се правело главно рачно .

17265242_224963937971582_9052387555100651835_n_1.jpg

Ова е фотографија направена во Кавадарци на Градскиот пазар 1961 година.На неа се : Дончо Бакев-шеќерџија, Александар Тентов (Ацо Броз-скараџија и полиглот кој знаел 5 светски јазика),Филип Пендев-леблебиџија, Ристо Стојанов – изработувач на метли и Митре Нацев – леблебиџија.