МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Во период 24. мај до 26. мај 2019. на терените на тренинг центарот „Петар Милошевски“ ќе се одржи финалниот турнир од ФФМ Детски лиги - сезона 2018/2019. Годинава за разлика од изминатите сезони кога учествуваа по 48. екипи, сега Фудбалската федерација на Македонија овозможи учество за 88. екипи кои ќе се натпреваруваат во шест возрасни категории - генерација играчи родени 2006, 2007, 2008, 2009, 2010 и 2011. Во секоја од овие генерации со исклучок на најмалите, ќе се натпреваруваат по шеснаесет екипи и на денот на отворањето ќе се одиграат осминафиналните дуели. Четвртфиналните и полуфиналните дуели се предвидени в сабота, додека во недела 26. мај 2019. се предвидени натпреварите за третото место и финалињата, како и доделувањето на признанијата за најдобрите.

Активностите ќе се одвиваат по следниот распоред:

24. мај 2019 (петок)

09:00 часот - Пристигнување, пречек и поставување на екипите н

09:30 часот - Отворање

Од 10:00 часот - Осминафинални натпревари

19:00 часот - Крај на натпреварите и заминување на екипите

25. мај 2019 (сабота)

Од 09:30 часот - Четвртфинални и полуфинални натпревари

19:00 часот - Крај на натпреварите и заминување на екипите

26. мај 2019 (недела)

Од 09:30 часот - Натпревари за трето место во останати категории

10:30 часот - Финални натпревари

12:45 - Прогласување на победници и доделување на награди

Подолу паровите и целосниот распоред на натпревари:

На овој завршен турнир учествува и екипата на ГФК Тиквеш од Кавадарци -2006 година.

ФФМ упатува отворена покана за присуство до сите заинтересирани медиуми и љубители на фудбалот.

FFM.MK