МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

МОЖАТ ЛИ КАВАДАРЕЧКИТЕ РАКОМЕТАРИ ДО ПРВА ПОБЕДА ТОКМУ ПРОТИВ ПРЕТЕНДЕНТОТ ЗА НАЈВИСОК ПЛАСМАН ?

По две одиграни кола фаворитите за првите три позиции во двете групи од машката ракометна суперлига покажаа дека се добро подготвени за да го издржат целиот голем напор кој го носи новата долгата сезона. Сите екипи ги очекуваат уште шест продолжени викенди во кои ќе се играат по две средби така што нема да биде воопшто лесно.

Средбите од 2. коло покажаа дека екипите се подготвени да се борат за секој поен. Инаку во групата А доминираа домашните екипи. „Пролет“ лесно дојде до три бода против „Астраион“, „Радовиш“ наиде на силен отпор против „КЛ 7“, но немаше изненадување, додека „Струга“ мораше добро да се испоти и со пресврт да стигне до победа над „Јуниор КВ“.

Во Групата Б речиси слична ситуација. Победа на гостински терен забележа само „Металург“ против „Прилеп“, додека „Бутел“ после тешко прво и убедливо второ полувреме се избори за три бода против „Младост“. Затоа, пак, „Еурофарм Пелистер 2“ лесно се избори за три поени против тимот на „Работнички“. Ракометарите на „Тиквеш“ во второто коло беа слободни но затоа во вторникот го одиграа натпреварот од 6. коло нагости кај „Металург“ каде очекувано би рекле беа поразени. Во рамките на третото коло нашите ракометари утре ги чека уште еден тежок натпревар.

Во салата „Јасмин“ утре од 19 часот ке гостува екипата на „Бутел“ која е претендент за висок пласман. Ке биде тешко токму против „Бутел“ да се брка првата победа но тренерот Петревски и целиот тим се свесни дека во суперлигата едноставно нема предавање. Секој противник, секоја средба е одлучувачка за конечниот пласман. Затоа нашите утре едноставно нема што да загубат а можат многу да добијат со враќање на самодовербата. Еве ги и двојките а следното 3. коло кое на програмата е утре, петок, 18 септемвриГРУПА А„ГРК ОХРИД“ – „РАДОВИШ“„КЛ 7“ – „ПРОЛЕТ“„АСТРАИОН“ – „СТРУГА“„ЈУНИОР КВ“ е слободенГРУПА Б„ГРК ТИКВЕШ“ – „БУТЕЛ“„МЛАДОСТ“ – „ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2“„РАБОТНИЧКИ“ – „ПРИЛЕП“„МЕТАЛУРГ“ е слободен.

РТК.МК ДИРЕКТНО ЌЕ ЈА ПРЕНЕСУВА ОВА СРЕДБА.

м.в.

фото : архива- ртк

XFGFH