МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Владанка Аврамова –во кати поединечно за кадетки беше најдобра и освои златен медал а Звонко Николоски во кати поединечно јуниори и ката тимот кадетки освоија сребрен медал.

На 06 ноември годинава во спортската сала на Факултетот за физичка култура во Скопје, се одржа Државно првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година во кати и борби.И КК „Урбан Инвест“ учествувааше со 4 каратисти.За Владанка, Ивона и Миа на Државно првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година ова беше прв настап.

1111-222.jpg_sudii.jpg

Владанка Аврамова –во кати поединечно за кадетки беше најдобра и освои златен медал а Звонко Николоски во кати поединечно јуниори и ката тимот кадетки освоија сребрен медал.Бронзени медали на државното првенство отидоа во рацете на Миа Маневска и Ивона Муфтарова во кати поединечно кадетки.Освојувачите на медали се стекнаа со право за настап на претстојното Балканско првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година, што ќе се одржи на 10 и 11 декември во Сараево- Босна, како и со можноста да се изборат за влез во кадетско - јуниорската репрезентација која ќе настапи на Европското првенство за кадети и јуниори од 16 до18.февруари 2017 година во Софија, Бугарија.