МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Милан Лазов од кавадаречкиот состав доби награда за најдобар стрелец на турнирот

Ракометарите на Бисинов од Велес се нови шампиони во пионерската машка ракометна лига за оваа сезона откако во финалето од Ф4 турнирот кој се одржа во спортската сала при ООУ „Блаже Конески“ во Велес го совладаа актуелниот бранител на титулата, Струга, со резултат 21:18. Екипата на Рисови од Скопје го освои 3 место на турнирот откако убедливо го совладаа составот на Тиквеш со девет гола разлика, 23-14. За МВП на Ф4 турнир е прогласен ракометарот на Струга, Филип Мечкароски, кој одигра важна улога во тимот кој не успеа да ја одбрани шампионската титула. Наградата на Мечкароски му ја врачи легендата на македонскиот ракомет, Пепи Манасков. Јован Ѓошевски од шампионската екипа наБисинов беше прогласен за најдобар голман на Ф4 турнирот. Наградата на Ѓошевски му ја врачи Мартин Димов, велешанец кој моментално настапува за Пролет. Милан Лазов од екипата на ГРК Тиквеш, која заврши на 4 место, беше прогласен за најдобар стрелец на пионерскиот Ф4. Наградата на Лазов му ја додели искусниот ракометар, Ивица Илиев.

М.В.