МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Единствен претставник од Стрешачкиот Клуб Кавадарци беше Горан Илиев кој заврши како 14

Изминатиов викенд во Богданци се одржа државното првенство во стрелање на летечки мети во дисциплината „трап“ на 125 мети. Прво во саботата се пукаше на 75 мети а во неделата на 50 мети плус финалето за најдобрите шестмина. Од СК Кавадарци учествуваше само Горан Илиев кој со погодени 60 мети го освои претпоследното 14 место. Првото место го освои Јордан Христовски со погодени 101 мета, втор беше Иван Атанасовски со 97 мети а трет Зоран Јованов со 94 погодени мети. Во екипна конкуренција првото место го освои СК Refleks shoot од Струмица, второто СК Магнум од Богданци а третото СК Бучим од Радовиш. Со оглед на фактот што клубовите од источниот дел на Мкедонија подолго време го негуваат овој спорт нормаално е тие да постигнуват и поголеми успеси. СК Кавадарци ги поканува сите заинтересирани вљубеници во оваа дисциплина во народот позната како „глинени гулаби“ да се зачленат во клубот со што би се добило во масовност а нашиот клуб би можел да се натпреварува и во екипна конкуренција

М.В.