МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ВЧЕРА СЕ ОДИГРАА СИТЕ СРЕДБИ ОД ВТОРОТО КОЛО ВО СУПЕРЛИГАТА - ТИКВЕШ БЕШЕ СЛОБОДЕН

Вчера се одиграа средбите од редовното второ коло во машката ракометна супер лига.

Во за нас поинтересната група Б беа постигнати следниве резултати : „Бутел“ - „Младост“ 33-23 , „Прилеп“ - „Металург“ 21-28 и „Еурофарм Пелистер 2“ - „Работнички“ 35-23 а слобона беше екипата на „ГРК Тиквеш“.

По две кола на табелата водат „Бутел “ и „Металург“ со максимални 6 бода. Следуваат „Еурофарм Пелистер 2“ и „Младост“ со по 3 а „Прилеп„ , „Тиквеш“ и „Работнички“ сеуште се без бодови. Во следното коло во петок на 18 септември „Тиквеш“ во салата „Јасмин“ ке го пречека тимот на „Бутел“ а слободна ке биде екипата на „Металург“. Токму поради овој факт екипата на „Металург“ се одлучи меѓусебниот натпревар со „Тиквеш“ во Скопје да го одигра денес а нашите ракометари кои вчера не играа ја прифатија поканата па така вечерва од 19 часот во Скопје ке ги одмерат силите со металурзите. Оваа средба инаку на програмата требаше да биде во 6 коло кое според календарот ке се игра на 28 септември.

м.в.